Царовска како министерка се понаша типично како проЏект координаторка на некој НГО добиен грант!
Статус на Реџеп Исмаил (Хактан) – член на Президиумот на Левица.
Царовска како министерка се понаша типично како проЏект координаторка на некој НГО добиен грант! Таа е тука единствено да се појавува во јавноста како еден вид огласна табла во празна институција, како шалтер каде ја нема тетката туку само нејзината порака залепена на стаклото.
Претходно како министерка за труд и , освен што се прошета низ шивачките погони како низ бал каде и служат робовите, напарфемизирана и во облека вредна колку тригодишна плата на една шивачка, ништо, ама баш ништо не направи. Еден куп луѓе останаа без работа, фирмите помошта наменета за нив од страна на Владата си ги ставија во џеб, здравствените работници останаа на цедило и мотивирани само од нивната морално-етичка свест која професијата им ја носи, а Царовска уживаше во култивирањето на нејзината појава од една НГО багра која, заедно со министерката, организираа изложби и пијанки, АМА со работничка естетика, секако. А да, додуша напраи, милјонче за себе секако.
Сега, како министерка за образование, ја земала таа некаква си Концепција(?!) за образование како Финска ама во економско-социјални услови на Македонија?! Па, не иде тоа така бре другарке министерке, не е образованието проект на УСАИД или Сорос, па да ги занемериме сите релевантни институции на оваа држава кои конечно се одважија и од глава ви ја удрија таа ваша Концепција, а вие да си свиркате дека „меѓународни партнери“ ја поддржувале факинг Концепцијата!?
Туку, ова Концепцијава што ја викате, да не е 13-та точка од Анексот на Каракачанов…?
Царовска како министерка се понаша типично како проЏект координаторка на некој НГО добиен гранд! Таа е тука единствено…
Posted by Реџеп Исмаил on Thursday, 21 January 2021