Актуелно

Група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се качија кај пратениците од Левица и се обидоа да испровоцираат инцидент со Собранието

На денешната собраниската седница за поставување на пратенички прашања се случи инцидент помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев и пратеници од ДПМНЕ.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши за да спречи вербалниот инцидент да прерасне и во физички го повика обезбедувањето да интервенира и даде 10 минути пауза.

Ваквиот развој на настаните следеше откако опозициските пратеници почнаа да поставуваат пратенички прашања на денешната седница. Група пратеници на ДПМНЕ се качија во последната клупа каде што седат претениците на Левица и се обидоа да испровоцираат инцидент со физичка пресметка упатувајќи пцовки и навредливи зборови кон Димитар Апасиев при што и он возврати на нивните навреди. Еден од пратениците на ДПМНЕ се обиде и физички да го удри, но пратеникот Борислав Крмов застана помеѓу нив за да не дојде до поголем инцидент.

Погледнете го видеото: