Од страна на советникот од Левица, Ангеле Михајловски, поднесени се 100 амандмани со цел блокирање на донесување на одлука за продажба на општински имот во Штип.
Оваа одлука, сама по себе е скандалозна, поради фактот што објектот што е цел на продажба е објект со утврдено својство на Споменик на културата со режим од втор степен на заштита, утврден со решение број 0801-72 од 23.02.1994 година.
Поточно, на денешната 54-та седница на Советот на Општина Штип, како точка на Дневен ред е дополнување на одлуката за ПРОДАЖБА НА НЕДВИЖНА СТВАР (деловен простор – хотел), односно споменатиот споменик на културата.
Во изминатите 3 години, локалната власт на ДПМНЕ во Штип изгласа неколку вакви одлуки за продажба на општински имот:
- објект, сопственост на ЈП Стипион;
- 2 деловни објекти, сопственост на ЈП Исар;
- објект во кругот на Домот на млади…
Поради овој крајно несериозен пристап на локалната власт во Штип, единствен начин да се застане на патот за донесувањето на вакви штетни одлуки, е примена на филибастеринг од страна на советникот Михајловски од Левица.