Уништена табла на која пишува бугарски окупатор во Битола

Додека од официјална Бугарија секојдневно доаѓаат закани за праќање армија и бришење на антифашистичката историја на Македонија, во Битола се уништува споменик кој сведочи за бугарската окупација.

На профилот „Конзулска младина” е објавена слика од уништената спомен-плоча, поставена во чест на војводата Александар Турунџиев и партиската демонстрација од 1941 година против бугарскиот окупатор.

Како што пишува на самата објава „бугарските фашисти сакале и во 1941 година во Битола да го слават Илинденското востание, но Македонците организирале демонстрации и не дозволиле бугарска прослава. Илинденската демонстрација била организирана на 2 Август 1941 година, од страна на Стеван Наумов-Стив кој бил раководетел на Битолскиот партизански одред “Пелистер” кој го формирал подоцна во Април 1942 година.”

Се поставува прашањето дали истражните органи ќе преземат дејствија за санкционирање на сторителите.

Може да ве интересира