Левица: Гостиварчани се бунат против изградбата на новата катра гаража

  • Реакција на Левица – ЛО Гостивар

Доставувањето на идеен проект до општинскиот сектор за урбанизам во Гостивар, за градење втора катна гаража во градскиот парк ги налути гостиварчани и повлече лавина од реакции поради можната изградба. Граѓаните изразуваат недоволство и загриженост поради можните последици што ќе ги предизвика оваа изградба.

Тие наведуваат дека гаражата, која ќе биде изградена преку јавно-приватно партнерство, само би го подобрила статусот на управувачите, истакнувајќи дека градоначалникот Таравари треба да внимава во ваквите одлуки, во спротивно, ризикува загуба на поддршка од страна на граѓаните.

Според податоците во медиумите, актуелниот претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Гостивар и советник во Советот на општината Гоце Димовски, во 2021 година како проект менаџер учествувал во изработката на физибилити студијата со која се утврдува оправданоста за изградба на три катни гаражи во Гостивар, изготвена од Друштво за инженеринг и консалтинг КОЛЕНКО ДООЕЛ.

Фактички, Димовски пред да стане советник, бил ангажиран како консултант за физибилити студија за оваа гаража, а неговиот хонорар е деловна тајна.

Иако оваа одлука ја изгласал претходниот Совет, сепак Димовски знаел дека ќе се прави ваква узурпација на паркот бидејќи токму неговото име стои на физибилити студијата која ја одобрила општина Гостивар, па како советник во новиот состав од редовите на ВМРО- ДПМНЕ не реагирал кога почнале градежните работи на оваа локација.

Гостиварчани настојуваат општината да размисли и да бара посоодветни локации за градење на катни гаражи, без да влијае на зелените и еколошки вредни области во градот.