Игор Димески од Тетово: Ги решаваме високите сметки за електрична енергија

Денес во Тетово, носителот на ИЕ6, Игор Димески, ја презентираше програмата за престојните избори, преку свое обраќање кон сите граѓани.

,,Ударна мерка на Левица на овие парламентарни избори е мерката – Народни електрани. Народни електрани е автентичен проект на Левица, кој на секое семејство во Македонија ќе му обезбеди сопствена централа за производство на електрична енергија”, потенцираше Димески.

Левица ги решава високите сметки за електрична енергија. Времето за решителна борба пристигна. Промената е започната и ништо не може да ја запре, порачаа од партијата.