(Видео) Мојсоска: За битолчани субвенционирана електрична енергија од РЕК Битола

Синоќа во емисијата „Директно“ на Тера телевизија разговаравме со генералната секретарка на „Левица“, Јована Мојсоска које е носителка на листата на оваа партија во петтата изборна единица.

„Во однос на Битола морам да кажам, еве сега гледам дека повторно најавуваат нели за топлификацијата, сакам да кажам еден пример од соседството. Во Косово сега брзо имаше одлука за жителите кои што живеат во непосредна близина на термоелектрана со одлука на државата добиваат бесплатно парно греење, а тука во Битола иако во минатото имало парно, триесет години не може да се изгради таа топловодна мрежа и сега ние што имаме тоа е ресурс од РЕК Битола, топлата вода е нус продукт од работењето на РЕК Битола, која наместо да се користи за парно за битолчани, ние моментално го фрламе како отпад. На ова ќе се надоврзам и дека Косово најавува и одлука за бесплатна струја за сите жители кои што живеат околу термоелектраната“. вели таа.

Додава дека битолчани треба да имаат субвенционирана и тополинска и елекрична енергија.