(Видео) Црвена Младина до Џамбаски: Пиринска не е ваша, а не па Вардарска

Од страна на партијата на европратеникот Ангел Џамбаски, пред некој ден на отворањето на македонскиот клуб во Бугарија беше поставен транспарент „Македонија е бугарска“, кој истиот ден од страна на активистите на Црвена Младина беше тргнат.

Вчера, од младинската организација на Левица, во Скопје му одговорија на европратеникот Џамбаски со нова герила. На транспарентот пишуваше: “Ни Пиринска не е ваша, а не па Вардарска”.

После отстранувањето на транспарентот во Благоевград од активисти на Црвена Младина на кој пишуваше “Македонија е Бугарска”, денес нашите активисти испратија контра одговор до бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и неговите активисти. – стои во Фејсбук објавата на Црвена Младина.

За оваа провокација од Црвена Младина велат дека остро го осудуваат ваквите чинови кои воопшто не доликуваат на земја членка на ЕУ, и додаваат дека нема да дозволат омаловажување на асномските идеали, а на секоја провокација ќе одговорат соодветно.