(Видео) Мециновиќ: На Мицкоски му честитаа Таравари и Касами

Носителот на ИЕ 2 од #Левица Амар Мециновиќ во дебатата на Канал77 го претскажа коалицискиот капацитет на ВМРО-ДПМНЕ.

,,На Мицкоски му честитаа Таравари и Касами за резултатите од првиот круг и порачаа дека заедно ќе ги донесат уставните измени. Еве ние честитаме и повикуваме да НЕ ги донесеме уставните измени – затоа што тоа е вољата на народот. Ние во претходниот мандат бевме најголеми непријатели на владеењето на СДС и ДУИ, како преку примерите со спикерот Џафери така и со формирањето на новото мнозинство за да се турне Заев. А сега да се фокусираме на проблемите на граѓаните за кои нашата програма има најдобри решенија.“

Погледнете го видеото: