Јовановска: Сите што сонуваа за дебакл на Левица, нека продолжат да сонуваат

  • Фејсбук статус на Катерина Јовановска од Левица

Откако малку спласнаа емоциите, кратко сиже :

– декември 2023 пререгистрација на партијата – Пленум

– февруари собираме 10к потписи за 6 дена

– март,април,мај кампања за претседателски и парламентарни избори

Во меѓувреме се бориме со прљава кампања, медиумски мрак, обиди за ” раскол” во партијата, уцени и притисоци од сите страни…

Резултат : 68.000 гласови, 6 пратеници ( и 2 украдени )

– во ИЕ 1 раст од 12.000 на 21.000 гласови,

– на ниво на Македонија раст од 38.000 на 68.000 гласови

Сето ова падна на товар на малкумина, но со срце како планина.

Капа долу за сите со кои што изгинавме на терен, особено другарите од Левица – Аеродром и Левица – Карпош за кои што многумина од надвор се надеваа на пад, а они речиси ги дуплираа гласовите во нивните општини.

Едно е јасно, сите оние што сонуваа за дебакл на Левица, нека продолжат да сонуваат, зошто ако се разбудат ќе го видат нивниот најголемиот кошмар, а тоа е силна и единствена Левица