Промоција на книгата „Дни, години“ од Димитар Башевски во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје

На 21 мај (вторник) со почеток од 12 часот во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје ќе се одржи традиционално претставување на добитникот на престижната награда „Браќа Миладиновци“ што ја доделуваат Struga Poetry Evenings / Струшки вечери на поезијата.

Книгата „Дни, години“ од Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата.

Димитар Башевски, романсиер, раскажувач, поет, преведувач, издавач. Роден во 1943 година во с. Ѓавато, Битолско. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методија“ во Скопје. Автор е на повеќе дела меѓу кои „Туѓинец“, „Враќање“, „Нема смрт додека ѕвони“, „Една година од животот на Иван Плевнеш“, „Куќата на животот“, „Сарајановскиот каранфил“, „Дневникот на Ања“, „Прозорци“, „Мајсторот“, „Скршнувања“, „Круг“… Негови книги се преведувани и објавувани на англиски, чешки, грчки, романски, српски, турски, бугарски, црногорски и албански јазик. Избори од неговата поезија се објавени на англиски јазик во Лондон, на грчки јазик во Атина, на романски јазик во Букурешт и на српскијазик во Белград. Застапуван во поголем број антологии на македонската литературa во земјата и во странство и во македонските енциклопедии.