Eкс директори на СДСМ во тепачка со фалангата – Апасиев ироничен: СДС се урбани луѓенца

Инцидентот во Краков

Во Краков се случи тепачка меѓу ракометните навивачи. Во тепачката од фотографиите се гледа дека се вклучени екс директорот на ЗОО во време на Петре Шилегов, Горѓи Гелетановски Чомбе, како и директорот на затвор Шутка Филип Андонов Сокол.

Интересно е што во тепачката и тоа врз жена удира Силвио Аврамовски кој беше советник за економска соработка со земјите од Блискиот Исток на поранешниот премиер Заев, а непознато е дали останал советник и на актуелниот премиер Ковачевски.

На сликите од инцидентите во Краков се наоѓа и партиски активист на СДСМ, Горан Живосовски, кој има слики со генералниот секретар од оваа партија, Миле Зечевиќ.

За инцидентите кои ги предизвикаа функционерите на СДСМ, реагираше и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој на својот профил напиша:

Директори и советници на СДС се тепале на трибините у Полска!? Ма није могуче! СеДеСеМе се само фини, урбани луѓенца.

Директорот на затворот на Шутка, Филип Андонов Сокол важи за контроверзна личност околу која се нижат низа скандали. Андов во јавноста е познат по тоа што пред неколку години со својот џип влета во група граѓани кои протестираа пред седиштето на СДСМ на „Бихаќка“, еднаш беше пукано во него, но и прегазил човек со мотор. Андов има и полициско досие, уште во 1994 година кога првпат е регистриран во полиција за извршување дело „Предизвикување на општа опасност“. Во 2008 е регистриран и за други четири кривични дела: Надриписарство, Измама – продолжено кривично дело; Фалсификување на исправа и Употреба на исправа со невистината содржина. Четири години подоцна во 2012 година е пријавен за две кривични дела: Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие.

Од политичката партија Левица претходно го обвинија директорот на затворот Шутка дека под негова директива, за време на инцидентите на илинденската прослава, затворската полиција малтретираше граѓани. Левица тогаш побара од министерот за правда, Никола Тупанчески, да го разреши Филип Андон Сокол од директорската позиција.