А сега за предлогот за референдумска иницијатива

  • Фејсбук статус на Билјана Ванковска, редовна професорка на Филозофскиот факултет во Скопје и професор на Европскиот мировен универзитет во Шлајнинг

А сега за предлогот за референдумска иницијатива со 150.000 потписи во врска со „заклучоците по информацијата на Владата за францускиот предлог“…

Неверојатно е колку многу (инаку разумни) луѓе не ја сфаќаат ситуацијата или инструментот за борба кој ни стои на располагање.

Ајде, по ред!

Сте сакале да ја бутнеме оваа предавничка власт! Се сложувам! Ама како кога Уставот вели дека до предвремени избори може да се дојде само ако Собранието се самораспушти – т.е. овие ајдуци треба да донесат мнозинска одлука за самораспуштање. Видовте дека Трајанов, Морачанин и оној забравам му името од ЛДП МОЖЕА ама не го напуштија владејачкото мнозинство. Со нивните гласови на наша страна сега ќе имавме парламентарна криза и ќе одевме на избори. Значи, пишете „пропало“ на таа опција, бидејчи соочени со казнена одговорност овие ќе се држат за власт со нокти и заби.

Е сега, референдум! Да, сите сме попарени од референдумската фарса што ја организираше власта во 2018 година! Но, во моменти на очај се фаќаме за оној правен доказ дека референдумот не им помина затоа што бојкотиравме. Ова непостапување по одлуката на ДИК е еден од правните елементи со кои ќе им пресудиме, заедно со објавувањето во Службен весник само со еден потпис (оној на Талат).

Но, сетете се на 2004 година… Никој не ни даваше шанси дека ќе собреме 150.000 потписи во канцелариите на ДИК! Ние собравме 180.000 потписи и Собранието мораше да распише задолжителен референдум за законо за општинските граници веќе изгласан во Собранието. Да, референдумот беше неуспешен затоа што власта ги употреби сите мерки на репресија и изграше на картата на стравот, ама и со странска пропаганда (се сеќавате на часовникот на оној Британец кој ни го мафташе пред нос дека возот за ЕУ ќе заминел? Епа во меѓувреме неговата земја замина од ЕУ).

Но, тие месеци во кои учествував во кампањата низ целата земја заедно со колегите од Граѓанското движење на Македонија, видовме неверојатни сцени на будење на исплашен народ. Самата референдумска кампања беше фасцинантен пример за политичка битка. Велам, ги собравме потписите. Цел свет се сврте кон нас, навалија новинари, посредници, ни се закануваа (можам мемоари да напишам за тоа), вклучително и со Кондово. Па САД божем ни го призна името само да го амортизира гневот. Не успеавме затоа што не излегоа преку 51% од запишаните во избирачкиот список.

И сега ќе почнете да кукате како е тоа губење време (демек, имаме попаметна работа!), па дека немало да се почитува, па сме имале референдум во 1991 и слични будалштини… Не знам како не сфаќате дека рефрендумот од 1991, 2018 и овој сега би се разликувале по многу основи. Ова ни е единствен начин да побараме да се изјасниме за францускиот предлог откако е прифатен! Значи и јас бев против фарса на референдум пред неговото прифаќање, но сега немаме што да изгубиме – тој е вчера ставен во функција! Видовте како и зошто! Нека е и обично изјаснување, ама ако овојпат НИЕ ја водиме кампањата и НИЕ излеземе масовно и за собирање потписи и за гласањето – тогаш нема каде да бегаат! Сега не сме поделени како во 2004, сега сме 75% против ова што ни го прави власта. И ако е така, тогаш треба да ги искористиме СИТЕ средства што ни стојат на располагање. Да не биде после: епа што не инициравте референдум, кога законот ви дава можност?

Што губиме дури и ако не успее референдумот, т.е. не излеземе во доволен процент? Ништо, веќе сме загубиле се’ – Македонија е се’ што немаме! И треба да си го вратиме.

Сите оние кои преферираат пишување срцепарателни патриотски статуси на ФБ нека ми се избришат сами од листата да не се нервирам – тоа го сметам за дефетизам и инаков вид на предавство. Чекаат од Бога росица а не сакаат граѓански да се ангажираат!