Декларација на семакедонскиот собир во чест на Јане Сандански

Во неделата се чествуваше 107 години од смртта на македонскиот револуционер Јане Сандански во Мелник. По тој повод, на церемонијата беше прочитана декларацијата на ОМО – Илинден Пирин. Во прилог ви го пренесуваме целиот текст од декларацијата:

Мелник, 17 април 2022 година

Веќе 60 години македонското малцинство во Бугарија е изложено на систематска дискриминација, асимилација и маргинализација. Тоа придонело до безбројни страдања на Македонците, со што се претворени во граѓани од втор ред во земјата во која живеат и во која се родени. Оваа политика не само што е срамна, туку е и недозволива за цивилизирана и правна држава, и претставува гротеска за Европската Унија. Целата анти-македонска политика сега е насочена во блокирање на евро-интеграцијата на Македонија преку апсурдни и уназадувачки барања, не само за Македонија, туку и за Бугарија. Преку оваа политика се сее омраза и се трујат животите на луѓето. Таа треба да престане.

Ние ги повикуваме и инсистираме бугарските државни власти:

1. Го укинат решението на Уставниот суд од 29 февруари 2000 година и декларацијата на бугарскиот парламент од 6 март 1990 година, кои официјално ги постулираат, тоа дека во Бугарија нема оформен македонски етнос, како и владината позиција и декларацијата на собранието од 9 ноември 2019 година. Владата официјално да се произнесе дека македонското малцинство повеќе нема да биде негирано, ниту дискриминирано и дека неговите права ќе бидат заштитени.

2. Државата официјално да го признае постоењето на национални/етнички малцинства во Бугарија, и концептот за „национално малцинство“ да биде внесено во Уставот, за правата на лицата кои припаѓаат на тие малцинства да бидат заштитени. Да се направат неопходните измени и објаснувања во Уставот и Законот за регистрација на невладини организации, за да се оневозможи правото на самоопределување на малцинствата и заштитата на нивните права да се толкува како анти-уставно и анти-државно, опасно по територијалниот интегритет и основ за одбивање за регистрација.

3. Ако Република Бугарија настојува бугарите во Македонија да влезат во македонскиот Устав, истото треба да се случи и за македонското малцинство и бугарскиот Устав;

4. Бугарија да ја тргне вештачката блокада за регистрација на македонски организации и да ги исполни решенијата на Европскиот суд за човекови права со тоа што ќе ги регистрира;

5. Во идните пописи да се внесе посебна графа „Македонец“ и при неговото спроведување да се произлезе со јавен и официјален став, дека секој што се чувствува како Македонец, може слободно да се самоопредели како таков;

6. Изучувањето на македонскиот литературен јазик, култура и историја да се внесе во образовните програми за децата од македонското малцинство, како и на државните универзитети. Истовремено, потребни се модификации на основните школски програми, така што нема да се исклучи изучувањето на македонската нација, малцинство и нивната историја, култура и јазик. (Нешто што не е ново, и во минатото се случувало во Бугарија, за подоцна да се изостави)

7. Државата да започне активен дијалог со претставници на македонското малцинство за решавање на суштинските проблеми, и македонски претставник да биде член на Комисијата за малцинства. Отпочнувањето на дијалогот да се случи веднаш, без да се чека признавањето на малцинствата, затоа што „признавањето на малцинство од страна на државата не е задолжителен услов, за тие да се квалификувани за заштита под Рамковната конвенција“, и да се фокусира на имплементацијата на Рамковната конвенција за Македонците по конкретни членови од Конвенцијата.

8. Да се преземат решителни мерки за ставање крај на говорот на омраза према македонското малцинство и македонската нација, и пропратно активно да се промовира толеранција кон македонското малцинство.

9. Да се суспендира или измени работата на комисијата за историски прашања со Македонија, со што ќе се прекинат обидите од бугарската страна таа да се користи за наметнување на бугарската национална митологија во македонските училишта и како извинување за блокирање на евро-интеграцијата на Македонија.

10. Бугарија да ја подигне блокадата на евро-интеграцијата на Македонија и да се воздржи од поставување било какви услови кои не се во согласност со европската регулатива и практика.

11. Бугарија да ги прифати научните факти и да престане со надреалното негирање на македонскиот јазик, и како остатокот од светот, да го признае.

12. Бугарија да преземе мерки за обештетување на жртвите на прогонителната политика, дискриминацијата и асимилацијата на македонското малцинство и да се извини за својата анти-македонска политика која придонела до сето нивно страдање. Да ги објави досијеата на гонителите и документите за овие процеси, и да ги распушти одделите кои се занимаваат со таа престапна дејност во моментот, и да ги казни учесниците.