На Берово му е потребна вистинска промена

  • Соопштение на Левица Берово

Берово што многумина го нарекуваа малата Швајцарија на Балканот е далеку од редот, организацијата и функционалноста која тоа име го асоцира.

Со години наназад локалните власти само се препукуваат кој што направил за Берово, а доволна е само една прошетка низ градот за да се види дека веќе со години тапкаме во место. Изминатите 3 децении други беа приоритетите на нашите властодршци, други беа интересите на партиите кои владееја со Берово.

Општествениот интерес го замени приватниот, општествената добробит се замени со себичноста и лакомоста.

Улиците на Берово останаа празни, парковите неуредени и се помалку низ градот се слуша детски џагор. Тука се и старите градби сведоци за едно време, што сеуште чекаат да бидат реставрирани, уредени и пренаменти. Тука се и неговите жители-беровчани кои некако успеваат да преживеат од скромната понуда на туризам.

Со сите природни убавини и богатства со кои располага Берово, немаме никакво оправдување и право да дозволиме да не бидат искористени на вистинскиот начин.

На Берово му е потребна вистинка промена. За вистинска промена се потребни борци! Затоа ве повикуваме сите револтирани, сите храбри и непоткупливи да ни се придружите во борбата за едно ново Берово.