Сирија испрати писмо до ООН за воени злосторства од страна на САД

Сирија испратила официјално писмо до раководството на ООН со информации за воените злосторства на коалицијата предводена од САД во Рака во 2017 година, соопшти Министерството за надворешни работи на таа земја.

Во писмото се истакнува дека „американската воена операција спроведена од илегалните сили на меѓународната коалиција во Рака меѓу јуни и октомври 2017 година резултираше со речиси целосно уништување на градот и смрт на илјадници цивили“.

Извор: think.mk