Левица: ФК Беласица жртва на непотизам – фамилијарно доделување на функции

  • Реакција на Левица – ЛО Струмица

Пред неколку дена во јавноста одекна веста дека Тања Милушева Костадинова, сестра на актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов е именувана како потпретседател на струмичката гордост, фудбалскиот клуб „Беласица“.

Пред да започне со нејзината „успешна“ кариера на „жена претприемач“ со отварање на бизниси со сомнително потекло на пари, Милушева работела како медицинска сестра во приватна амбуланта.

Случајно или не, само во 2023 година, од општинската каса на клубот му се доделени 1.577.272 денари.

ЛО Левица – Струмица строго ги осудува овие фамилијарни и партиски доделувања на функции и вработувања бидејќи со ваква пракса никогаш не се добиле позитивни резултати, а само се побива тезата дека живееме во општество со еднакви можности за сите!