Бајден нема да се извини за бомардирањето на САД врз Јапонија за време на посетата на Хирошима

Американскиот претседател Џо Бајден нема да се извини за атомските бомбардирања на Хирошима и Нагасаки во 1945 година, изјави во средата советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

Одговарајќи на новинарско прашање дали Бајден има намера да се извини за фрлањето атомски бомби од САД врз јапонските градови, Саливан рече дека американскиот претседател нема да даде изјава во Меморијалниот парк на мирот во Хирошима.

За време на брифингот во претседателскиот авион кој се упати кон Јапонија на самитот на Групата 7 (г7), тој истакна дека заедно со другите лидери на Г7, Бајден ќе учествува на голем број други настани и ќе оддаде почит, но од гледна точка на претседателот ова не беше „билатерален момент‘‘.

Јапонија претседава со Г7 оваа година. Самитот на нејзините лидери ќе се одржи од 19 до 21 мај.