Денеска во Специјализираните совети на Косово во Хаг продолжува судењето за случајот против поранешните водачи на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими, пренесува Газета експрес.
Судењето започна во 9 часот, а третиот ден по ред вториот сведок на обвинителството ќе одговара на прашања од обвинителството и одбраната.
Тачи, Весељи, Сељими и Красниќ се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, убиства, прогон на политичка и етничка основа, незаконско апсење и приведување и други нехумани дела.
Кривичните дела се оквалификувани, во шест точки, како злосторства против човештвото, а во четири како воени злосторства. Судењето започна на 3 април, а Тача, Весеља, Сељими и Красниќ се во притвор во Хаг од октомври 2020 година.