Петров: Тргувањето со пратенци зад затворени врати е матна работа

  • Став на Никола Петров – Координатор на Левица – Земјоделски сектор

Ова вчера што го изјави Мицковски дека имаат консолидирано мнозинство од 61 пратеник, најверојатно звучи супер во ушите на ботовите на ДПМНЕ, но за освестениот народ е трагично. Не е трагедијата во мнозинството, туку во начинот на “консолидација” на тоа мнозинство, факт кој не прави разлика кај ботовите на ДПМНЕ.

Имено, во секоја цивилизирана парламентарна демократија, а ние тоа не сме, преговорите за мнозинство во собранието се водат со другите партии или коалиции врз основа на утврдени долгорочни цели, платформи, програми, кои се блиски или слични, взаемно прифатливи.

Кога се консолидира мнозинство со неколку пратеници од други партии, при тоа никој не знае кои се тие пратеници, за што се разговарало, како се убедени да влезат во тоа мнозинство, која заедничка цел ги обединила и зошто се решиле да ја напуштат својата матична партија која им обезбедила пратенички мнадат и направат ” консолидација” кај друга партија, при ваква ситуација секој еден би се запрашал: „Што матат овие, што им е ветено лично на нив за да се консолидираат кај другите?”

И на крај, по што се разликува Мицковски со ова консолидирано мнозинство од неговиот претходник Заев кога консолидираше 8 пратеници од ДПМНЕ да гласаат за Преспанскиот договор?

Се додека не се воведе императивен пратенички мандат на отповикување на пратеник кој работи за свој личен интерес, Собранието ќе функционира како сточен пазар на купи продај пратеници.