СДСМ сакаат да го дораспродадат она што не успеаја во 90-тите

Реакција на ЛО Левица – Гевгелија по повод најавите за приватизација на државниот имот од страна на СДСМ.


„Жртвите на криминалната приватизација на СДСМ од 90 тите.

ЗИК Винојуг е претпријатие од Гевгелија основано во 1952 година. Комбинатот директно вработуваше околу 2500 работници и неколку илјади индиректно. Годишното производство на комбинатот беше околу 20 милиони евра. ЗИК Винојуг во своја сопственост имаше:

-Зора – фабрика за преработка на овошје и зеленчук, со најпознатите природни сокови на југословенскиот пазар беа рамо до рамо со Фруктал;

-Живинарска фарма;

-Винарија – (капацитет од 554 вагон цистерни), со познатите вина Јоска и Тешкото, ракија и најпознатата “Златна мастика”;

-Ладилник со капацитет од 18 илјади тони овошје и зеленчук;

-5 илјади хектари овошни и лозови насади;

-Оранжерии за раноградинарски култури со најмодерен систем за затоплување со природна геотермална вода.

Овој земјоделско-индустриски комбинат беше еден од најголемите во Југославија, и произведуваше храна и пијалоци кои беа застапени на сечија трпеза. Оваа големата сива зграда на сликатане е болница, ниту училиште, туку административната зграда на комбинатот со неколку стотици канцеларии. Гледајќи ја административната зграда, можеме да ја претпоставиме големината на целиот комбинат. Во 90-тите години, благодарение на криминалната приватизација на СДС, Винојуг беше разграбен и уништен како и многу друг општествен имот во државата. Милиони евра вреден имот беше разграбен и денес слободно се распаѓа.

СДСМ за догодина 2020 најави нов бран приватизации на државен имот. Тие научени од 90-тите, сакаат да го распродадат и тоа малку државен имот што остана. Ние им порачуваме: Нова приватизација и оттуѓување на државен имот нема да ви дозволиме. Ако пробате да го раскрчмувате државниот имот, ќе се соочите со гневот на работничката класа. “


Жртвите на криминалната приватизација на СДС од 90 тите. 🌅ЗИК Винојуг е претпријатие од Гевгелија основано во 1952…

Posted by Левица – Гевгелија on Tuesday, 22 December 2020