Како Либија со помош на западот и ЕУ од најперспективна земја стана место за експлоатација на бело робје

За време на повеќедецениското владеење на Моамер ел Гадафи  (лидер од 1969 – 20.10.2011), поради неговата надворешна политика, односно поддршката пред сè на Палестинците, постојано се наоѓаше на мета на САД и западноевропските земји. Користејќи ги огромните количества нафта тој драстично го подигна стандардот на Либијците, со просечна годишна плата од 12.000 американски долари во тоа време, тие уживаa највисок животен стандард во Африка, кој истовремено беше повисок и од стандардот во Саудиска Арабија.

На почетокот на Арапската пролет, во февруари 2011 г. започнаа протести против либискиот лидер Моамер ел Гадафи поддржани од западот. Наскоро тие се претворија во отворени конфликти и војна.

Во пропагандната кампања пренесена преку прозападните медиуми пред се Велика Британија, Франција и САД во текот на март започнаа жестока кампања за потреба од воена интервенција за да се спречи наводен геноцид.

Подоцна за време на последната фаза од војната, се потврдија првичните сомнежи на независните политички експерти, дека интересите на ударното трио на НАТО не биле хуманитарни, туку освојување на висококвалитетна либиска нафта.

Години откако Гадафи беше фатен и убиен, Либија станува нестабилна, со ривалските политички и воени сили кои саботираат одржлива држава и се борат со џихадистите, а жителите на Триполи велат дека се исцрпени од недостигот на електрична енергија, зголемените цени и недостигот на готовина, додека конфликтните власти и милициите константно се борат за контрола над нафтата.

Така некогаш просперитетната Либија која западна во граѓанска војна по интервенцијата на НАТО во 2011 г. стигна до тоа, да на крајот на март годинава, Обединетите нации објават извештај кој  содржи резултати од тригодишна истрага, која потврди дека „арбитрарното притворање, убиствата, силувањата, ропството, сексуалното ропство, вонсудски егзекуции и исчезнувањата станаа вообичаена појава во оваа земја“

Истрагата на Обединетите нации од годинава покажа дека Европската унија финансиски ги помагала либиските државни институции кои вршеле различни видови кршење на човековите права, од принудна работа и тортура до ропство.

Недостигот на силна и стабилна централна влада во Триполи овозможи развој на цела индустрија за експлоатација на мигранти. „Затворањето и трговијата со мигранти е голем бизнис во Либија. Тоа е претприемачки проект“, изјави истражителот на ОН, Чалока Бејани за Франс 24 по објавувањето на извештајот.

Злосторствата против човештвото се широко распространети низ целата земја, се нагласува во извештајот ООН и ја обвинува Европската унија дека и овозможила на владата во Триполи да ги прекрши правата на африканските мигранти кои сакале да се упатат кон Европа. 

Наместо самите да ја спречат илегалната миграција, земјите-членки на ЕУ одлучија таа валкана работа да ја „пренесат“ на либиските институции, пред се на крајбрежната стража и на Дирекцијата за борба против илегалната миграција, се вели во извештајот.

Во меѓувреме, истрагата на „Outlaw Ocean Project“ и „Њу Јоркер“ откри дека парите на ЕУ „плаќаат за сè“, од автобусите што ги превезуваат заробените мигранти од пристаниште до затвор, па се до торбите за тела што се користат за мигрантите кои исчезнуваат на море или во притвор.