Апасиев: Ние сме единствена земја во универзумот која има еден парламент, а две влади

  • Изјава на Претседателот на Левица проф. д-р Димитар Апасиев во емисијата “Аргумент плус” на ТВ 24, по однос на техничката Влада и поставувањето на премиер од ДУИ:

,,Со 12 пратеника, ДУИ да ти дава премиер!? – па ние сме единствена земја во универзумот која има еден парламент, а две влади! Таков систем не постои во светот.

Техничка влада нема потреба да има, тоа е апсолутна глупост, кога беше Груевски. Сега не се такви околностите. Техничката влада е глупост. Имате заменик-министер и дополнителен заменик-министер со право на вето – кој ли го измисли ова?

И сега пацовите ги пикаат во администрација. Отворете, илјадници конкурси имаа до нова година, отворено за администрација. Се додека не стигнат тие изборни рокови, веројатно во февруари кога не можат да се распишуваат огласи. До тогаш ќе ги испопикаат пацовите од тефтерчињата во администрација и тоа е тоа. Баравте, гледајте! Додека ги гласате тоа ќе ни биде реалноста.“