СДС и ДПМНЕ одлучиа да трошат милиони на ТВ реклами, за дијабетичарите ниту денар повеќе

Вчера во Собранието на Македонија на пленарната седница пратениците гласаа за потребата да се донесат измени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка и тоа со европско знаменце. Сите присутни пратеници гласаа за, а само двајцата пратеници од Левица беа против. Ваквото сложно гласање е всушност добра најава дека „евроските“ измени во втората собраниска фаза лесно ќе поминат и ќе бидат донесени.

Од страна на Пратениците на Левица беше побарано на дневниот ред да се најде предлог законот за целосно снабдување на пациентите со препарати за Дијабетис.

Со тековниот текст од Законот, пациентите имаат право на цитостатици, инсулин и хормони за раст – нашите измени целат на потребите на пациентите со дијабетес. Со заколнските измени птредложени се надополнува Законот, па така за освен инсулин да стојат и апарати и ленти за мониторинг на гликемија, системи за континуирано мерење гликемија и инсулински пумпи за дозирање, коишто се многу битни, а и други работи како инсулински игли.

По Собраниската седница се огласи лидерот на Левица кој напиша: „Широката коалиција СДС-ДПМНЕ денес доминираше во Собранието. Сложно си го изгласаа груевистичкиот Закон за поткуп на медиуми (со европско знаменце) + уште посложно го одбија предлогот на Левица да се гласа за Законот за дијабетичарите!“

Така, на вчерашната Седница, коалицијата на СДСМ и ДПМНЕ продолжи да функционира беспрекорно, двете партии сложно го изгласаа законот за „поткуп“ на медиуми, чија примена че одлее милионски суми во неколку државни телевизии, додека истовремено ги одбија барањата на дијабетичарите, да се прошири листата на лекови кои ќе им ги обезбеди државата. Со ова телевизиите добија милиони денари, дијабетичарите во борбата за живот добија нула денари од законските измени изгласани од пратениците на СДСМ и ДПМНЕ.