Јанчев: Има ли воопшто бенефит од НАТО

  • Фејсбук статус на Саше Јанчев – Советник од Левица во Општина Гевгелија.

За НАТО стандарди годишно мора да одвојуваме плус 100 милиона евра. За НАТО стандарди си купивме 54 оклопни возила од 210 милиони долари. За НАТО сменивме име под уцена од Грција, а дома власта го третираше народот како стока кој е тука само да плаќа даноци и не се прашува ни какво име сака за својата држава.

За НАТО, како последица на уцената со името од Грција, сеа ни срипа Бугарија со уцени. Сакаат Бугари во Уставот и квоти за вработување односно да ни го прават бугарските сателит партии во Македонија тоа што сега ни го прави ДУИ. На крај целта им е Македонија да ја направат ко Босна со бугарски, албански и македонски дел во влада. За македонскиов дел дури и не е сигурно. За НАТО Русија не’ стави во листа на непријателски земји.

А бенефитите од НАТО кои се? Ќе каже некој од тие шо викаа гласам ЗА Европска Македонија? Или може ќе ги каже некој од тие шо настапуваа на НАТО Фест?

Кај се економските бенефити? Кај се Гугл, ФБ шо чекаа на граница само да го смениме името, да влеземе во НАТО и да почнат да инвестираат? Што бидна со НАСА, Илон Муск, квантната физика, дилемите со интервенции во ДНК, лекот за канцер, социјалната правда, најсовремените достигнувања и светлата иднина шо се ветуваа?

Има ли воопшто бенефит?

Јас не гледам бенефити. Слободно нек ме просветли некој прогресивен и бањат ум.