(Видео) Апасиев: ДУИ со 12 пратеника дава премиер!?

Претседателот на Левица проф. д-р Димитар Апасиев во “Аргумент плус” на ТВ 24 зборуваше за фактот, дека Македонија, и покрај тоа што е унитарна држава со еднодомно собрание, државата функционира сосема надвор од рамките на нормалата.

,,Со 12 пратеника, ДУИ да ти дава премиер!? – па ние сме единствена земја во универзумот која има еден парламент, а две влади! Техничката влада е глупост. Имате заменик-министер и дополнителен заменик-министер со право на вето – кој ли го измисли ова?”

Во продолжение Апасиев се осврна и на техничката Влада, која на сила ќе стапи од Јануари и за прв пат во историјата на Република Македонија за премиер ќе го имаме Талат Џафери, како барање на ДУИ за премиер Албанец.

Важно е да се спомене дека Таљат Џафери за време на масакрот кај Вејце е дежурен командант во касарната во Тетово, веднаш потоа дезертира од АРМ и притоа краде униформа и оружје. Од страна на ДПМНЕ за време на режимот на Груевски тој беше амнестиран, а потоа стана и Министер за одбрана. Потоа СДС го направија претседател на Собранието, а денес, очигледно е дека двете партии, заеднички ќе го прават премиер.