Апасиев: Резултатите од пописот се безвредни, тие немаат никаква фактичка и правна вредност

На вчерашното гостување во емисијата Јади Бурек, претседателот, пратеник и член на Президиумот на Политичката партија Левица, Димитар Апасиев во однос на пописните резултати рече дека тие се безвредни и немаат никаква фактичка ни правна вредност.

Во продолжение споделуваме дел од спорните податоци во врска со пописот што Апасиев ги изнесе во емисијата.

Тој посочи дека е направен упад во базата на податоци и промена на бројките од пописот.

Додаде дека Општина Аеродром како најгусто најселена општина со пописот има зголемување само за 3000 жители. Од 2015 до 2019 година бројот на нови станови во Аердром е 5.000 или грубо околу 20.000 нови жители во Аеродром.

‚‚Статистичка грешка за пописот да не биде проценка туку фактичка ситуација, светски стандард е +/- 2.5%, можност за грешка. Се што е над 2.5% пописот е неважечки. Кај нас грешката е 7.2% во Македонија додека заедно со дијаспората е 21.5% грешка. Тоа значи дека непопишани се околу 405.000 луѓе од дијаспората и 132.000 кај нас.‘‘

Тој рече дека дијаспората се попишувала 7 месеци наместо 40 дена, и дека тоа се дозволило со помош на ВМРО ДПМНЕ. До септември се попишале 204.805 нерезиденти во странство. Во март имавме 260.606 попишани, односно околу плус 60.000 попишани во дијаспората.

„ Никаде во свет не постои попис на дијаспора, а кај нас преку скајп ги попишуваа само за да се крене процентот на Албанците. ‘‘

Во продолжение тој рече дека со пописот е започнат процесот на демакедонизација. Така бројот на македонски државјанства се 54 %, албанци 16,9% издадени, со што се обидуваат Македонците да се сведат на етничка заедница. Додаде и дека е почнат процесот на дехристинизација. Односно минимум 250.000 православни ги збуниле со зборот христијани, па така за прв пат бројот на православните е паднат на толку ниско ниво.

Апасиев рече дека друг процес што се одвивал со помош на пописот е процесот на косоваризација на Македонија, и дека тој процес се случува секогаш кога е СДСМ на власт. Така во 1991 година, 61.000 добиле државјанство. Така од 1.36 милион избирачи во 1994 година биле 1.572 милион избирачи, што е за 200.000 гласачи повеќе за само 3 години. Во 2004 година ДУИ обезбеди 53.000 државјанства. Додаде дека тогаш имало афера во која е замешан директор на ДУИ каде 100.000 листови со сериски броеви се исчезанти од управа за матични книги.

Апасиев во емисијата посочи дека постојат четири вида на пописи и кај нас се избрал комбинираниот или токму оној со кој најлесно се манипулира.

Апасиев додаде уште неколку спорни работи за пописот како например дека никаде не се попишува со матичен број, туку дека за попис мора да се има идентификациски документ, дека немало мешани етнички попишувачи и немало инструмент за постпописна контрола.

„130.000 луѓе се најпрогресивен дел кој не потпадна над притисоци и закани, тие сами ја забележаа големата слика и тие го поништија пописот. ‘‘