Советниците од Левица во Кисела Вода побараа помош за настраданите деца во Газа

Советниците од Левица во Општина Кисела Вода на 29 седница побараа на дневен ред да се стави дополнителна точка – Помош за настраданите дечиња во појасот Газа.

Ние граѓаните од Кисела Вода, а воедно и граѓани на Скопје добро знаеме што значи подадена рака во енормно тешки времиња. Во појасот Газа се води војна, каде најмалите, невините души се жртви на некои повисоки цели.

Со оглед дека резервите за помош на Општина Кисела Вода се исцрпени за 2023 година , се договоривме оваа помош да влезе во буџетот за 2024 година.

Колку и да одвоиме за да помогнеме на овие напатени дечиња ќе биде малку, но бар нам граѓаните на Кисела Вода ќе ни биде задоволна совеста.