Русија бара мултилатерален пристап и брзо завршување на борбени дејства во Газа

  • По однос на случувањата на Блискиот исток и пред се израел-палестинскиот конфликт, Министерството за надворешни работи на Руската федерација денес излезе со соопштение во кое побара во решавање на конфликтот да бидат вклучени сите страни, итно да се достави помош до цивилите и ранетите, и итен прекин на борбените дејствија во појасот Газа, Во прилог ви го пренесуваме целото соопштение:

Во врска со невидената ескалација на насилството во зоната на палестинско-израелскиот конфликт, сѐ почесто звучат повици кон колективни дејства за деескалација на ситуацијата на Блискиот Исток, вклучително и одржување меѓународна конференција.

Руската Федерација активно го поддржува овој став и секогаш ја бранеше потребата од мултилатерален пристап кон проблемата на блискоисточното решение. Приоритетна задача денес е брзо завршување на борбени дејства во Газа, обезбедување заштита на цивилното население, испорака на потребната хуманитарна помош до оние на кои им е потребна и ослободување на сите заложници.

Во спротивно, ќе се соочиме со ризици од радикализација и зголемена терористичка активност, како и со опасност од проширување на географијата на конфликтот.
Сега треба да почнеме да создаваме услови за продолжување на палестинско-израелскиот мировен процес.

<…> Ја нагласуваме централната улога на државите од Блискиот Исток во решавањето на проблемите на регионот <…> Вклучувањето и единството на државите лоцирани таму, заедно со политичката волја на Палестинците и Израелците да преговараат за збир на прашања за конечниот статус, е клучен предуслов за рестартирање на сеопфатниот мировен процес на Блискиот Исток.