Левица: Негаторската политика кон Македонија и македонскиот народ од страна на соседна Бугарија продолжува во исти манири како и досега!

Секторот за Надворешна политика и Безбедност на Левица со соопштение до јавноста во врска со негаторските политики кон Македонија и македонскиот народ од страна на Бугарија


На денот од погибјето на еден од најславните херои од историјата на македонската борба за националнa слобода, револуционерот Гоце Делчев, бугарската амбасада во Скопје, на социјалните мрежи се пофали дека положила цвеќе на неговиот гроб, со наратив дека е „бугарски револуционер“.

Овој „дипломатски чин“, задирајки ги националните чувства на македонскиот народ, предизвика лавина од негативни реакции во јавноста и дополнително ги нарушува и онака веќе разнишаните дипломатски односи со Софија.

Македонскиот народ очекува реакција од македонските власти поради овој провокаторски скандал во насока на барање на извинување за ваквата провокација која дополнително ја продлабочува кризата во меѓусоседските односи. Доколку не се случи извинување од бугарска страна, сосема би било оправдано амбасадорот на Република Бугарија да биде прогласен за „persona non grata” и протеран од Македонија.

Во случај македонските власти да не се спротивстават на ваквите провокации, ова дополнително ќе го поткопа легитимитетот на моменталната власт да ги застапува интересите на македонскиот народ и преговара со бугарската страна.


Негаторската политика кон Македонија и македонскиот народ од страна на соседна Бугарија продолжува во исти манири како и…

Posted by Левица – Сектор за Надворешна Политика и Безбедност on Wednesday, May 5, 2021