Земјоделците утре протестираат заради неисплатените субвенции

Од Здружението на земјоделци Агро центар пред неколку дена најавија протест пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заради неисплатени субвенции.

„На ден 07. 09. 2022 г, со почеток во 10 часот ќе се одржи мирен протест пред зградата на МЗШВ Скопје поради неисплатените субвенции за овци, кози и делимично говеда за 2021 гoдина“, стои во соопштението.

Од здружението Агро ги повикаа земјоделците и сточарите да излезат на протест во што поголем број.

Големо е незадоволството на сточарите и затоа протест ќе има и покрај одредени притисоци. Ги повикуваме сите земјоделци – сточари да дојдат… ЗЗ Агро Центар бранител на земјоделскиот труд.