(Видео) Левица – Велес против изградбата на деветокатница на местото на стариот театар

  • Прес-конференција на Маргица Урумова – Советник од Левица во Општина Велес

Почитувани сограѓани, намерата на локалната власт да се продаде земјиштето на стариот театар и на негово место да се изгради деветокатница предизвика лавина од несогласување помеѓу граѓаните чиишто живеалишта се во непосредна близина.

Оправданиот страв од нарушување на стабилноста и невклопувањето на деветокатницата во просторот, резултираше со доставено барање до Градоначалникот Марко Колев со над 110 потпишани граѓани кои бараат да се заштити јавниот интерес, да не се превземаат градежни активности за изградба на деветокатница, а воедно и ја осудуваат одлуката на советот на Општина Велес со која што мнозинството на ДПМНЕ-ДУИ не ја поддржа иницијативата на советниците на Левица за изградба на парк на таа локација.

Барањето на овие граѓани е целосно оправдано и поддржано од наша страна.

Воедно, би сакале да ве информираме дека како советници не се откажуваме од намерата да помогнеме во спречување на спроведувањето на оваа штетна одлука и со таа цел до Општина Велес поднесовме барање за изработка на елаборат за суспензија на спроведување на урбанистичкиот план на овие парцели.

Со ова му порачуваме на градоначалникот Марко Колев да застане и да го слушне народот од чии редови е избран да го води!