Демолирана таблата на здружението „Цар Борис III” во Охрид
Оштетена и искршена е таблата каде што беше испишано името на здружението „Цар Борис III” во Охрид.
СВР Охрид пренесува дека дел од таблата е оштетена, а полицијата врши увид на местото.
Клубот беше отворен минатата недела во многу тензична атмосфера и протести кои беа организирани од политичката партија Левица. Граѓаните на протестите бурно реагираа и сметаат дека името кое го носи клубот е за провокација и означува рехабилитирање на фашизмот.