Кој со Американците тикви садел?

Судејќи според приложената фотографија, која може да се пронајде во архивата на Општина Карпош, градоначалникот Стевчо Јакимовски до неодамна бил вистински посветен на стратешкото партнерство со САД.

Сепак, тоа не му помогна на Јакимовски, бидејќи тој од денеска се наоѓа на „црната листа“ на Американците. Во образложението od Стејт департментот се вели дека тој се занимавал со коруптивни дејности.

Покрај Јакимовски, на „црната листа“ е ставена и пораншената обвинителка Катица Јанева.