Ванковска: НАТО не е доброто момче во приказната

Толку сме затворени во овој меур, кој ќе дојде на водно, кој ќе дојде во влада, кој ќе дојде во парламентот и како да тука почнува и завршува целата приказна. Јас размислувам во смисла на големата слика на светот кој радикално се менува, вели Билјана Ванковска.

-НАТО придонесе многу за оваа небезбедност во светот почнувајќи од интервенцијата во 99 година, кршејќи ја повелбата на обединетите нации. Па потоа учеството на членките на НАТО, особено на САД во нелегални интервенции, кои ги нарекуваа хуманитарни или како и да е оставија земји куп вака разурнати зад себе, така да знаете за сè има предисторија и ова сега што го зборуваме, дали ќе зборуваме за Украина или Газа или можноста од војна со Кина околу Тајван, тоа се релевантни прашања кои јас мислам дека претседателот на државата, дури и на мала држава и не само како врховен командант, туку како некој што треба да го користи дипломатските средства, а не да се сили како ние имаме војска, па ќе правиме ова или она со сојузниците, додаде Ванковска.

Кандидатката за претседател од редовите на Левица, посочи и дека НАТО во приказната не е доброто момче.