До 15 часот излезноста за парламентарните е 36.75%, а за претседателските избори 31.98%

злезноста на парламентарните избори до 15 часот според обработените податоци од 93.99% избирачките места е 36.75%.

Најголема излезност има во првата изборна единица, односно 41.78%, додека најмала излезност има во шестата изборна единица, односно 29.34%. Вкупно гласале 631.875 луѓе од 1.815.350 избирачи.

Во меѓувреме, излезноста на претседателските избори до 15 часот, според обработени 93.1% од избирачките места, во споредба со парламентарните избори е помала за 4.77%, односно таа изнесува 31.98%. Најголема излезност има во Крива Паланка – 58.29%, а најмала во Липково – 5.14%.

Излезноста и резултатите од изборите можат да се следат во живо на веб-страницата на Државната изборна комисија.

Инаку, претходно од Министерството за внатрешни работи соопштија дека нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми.