Апасиев: Пазете да не ви стават нешто во пијалакот, вие што одите по американски амбасади

Катица Јанева и Стевчо Јакимовски се најдоа на „црната листа“ на САД, иако своевремено и двајцата важеа за големи поддржувачи на американската политика кон Македонија.

Нивното паѓање во немилост на актуелната администрација во Стејт департментот на САД, ја искоментира во свој стил Димитар Апасиев, лидерот на Левица.

-Вие што одите по амеркански амбасади на 4-ти јули, пазете да не ви стаат нешто во пијалокот – искоментира Апасиев.