Се враќа продажбата на руски автомобили

Продажбата на автомобили во Русија е на пат да се опорави од влијанието на западните санкции бидејќи продажбата во јуни е повеќе од двојно зголемена во споредба со минатата година, објави руската аналитичка агенција Autostat.

Lada X-Cross 5 за рускиот пазар ќе се произведува во фабриката на AvtoVAZ во Санкт Петербург, која порано беше во сопственост на Nissan

Продажбата на нови патнички автомобили скокна за 151% на годишно ниво во јуни, и вкупно се продадени 401.600 патнички автомобили во првата половина од оваа година.

Руската LADA беше најпродавана марка во земјата, со 23.777 продадени автомобили во јуни, што претставува зголемување од 30% од минатата година. По него следеа кинеските марки кои продолжуваат да ја пополнуваат празнината што ја оставија западните фирми кои заминаа.

„Chery“, вториот по големина кинески извозник на автомобили во светот, забележа раст на  продажбатa во Русија за 10.081 примероци минатиот месец. „Хавал“ се најде на третото место, со 8.278 продадени автомобили. „Geely“ и „Changan“ исто така беаSe vrakja prodazhbata na ruski avtomobili во првите пет руски најпродавани марки на автомобили во јуни, со 6.903 и 3.490 продадени примероци, соодветно.

Руската автомобилска индустрија, која во голема мера се потпираше на странски инвестиции и опрема, беше погодена од егзодус на меѓународни производители поради западните санкции наметнати поради конфликтот во Украина. Продажбата на нови автомобили падна за 59% минатата година, бидејќи американските, европските и јапонските производители на автомобили или ја напуштија земјата или ги прекинаа испораките на автомобили и компоненти, запирајќи го локалното производство на неодредено време.

Во меѓувреме, кинеските производители на автомобили започнаа голема експанзија на рускиот пазар и се очекува да достигнат удел од 60% од вкупната продажба оваа година. Кина минатата година извезла над 160.000 автомобили во Русија, што е повеќе од двојно зголемување на претходниот удел на автомобилскиот пазар во земјата.