Време е за радикализација

  • Фејсбук статус на Јован Крајевски – Координатор на Сектор- Политичка Економија од Политичката Партија Левица

Протестот не е собиранка пред коперација каде аналитичари на кои им минало времето ќе ни патетизираат на говорница со излитени романтичарски флоскули.

Протестот не е поетско читање каде неуспешни водители ќе ни ја демонстрираат нивната трето одделенска способност за употреба на компарација како стилска фигура.

Протестот не е предавање на кое професори на кои ни студентите не им ги пратат предавањата ќе филозофираат за историјата и уметноста.

Протестот не е кафана каде неуспешни певаљки ќе изведуваат народни песни дур ние пиеме пиво и пееме со нив.

Протестот не е концерт на рапери кои не можат да си признаат дека ги згазило времето.

Протестот не е групна терапија на луѓе кои не се плашат од пораз и се задоволни само со учество, надевајќи се дека навечер полесно ќе заспијат ако знаат дека утре на своите деца ќе им речат дека барем не молчеле.

Протестот е алатка преку која револуционери се обидуваат да го канализираат народниот гнев и да направат вистинска промена. Не со молење, не со апелирање до продадената власт, туку со сила – сила на мнозинството потиснато од елитата!

Време е за радикализација!