Јанчев: СДСМ и ДПМНЕ одлично соработуваат кога Општина Гевгелија се задолжува

  • Фејсбук статус на Саше Јанчев – Советник од Левица во Општина Гевгелија

Коалицијава на СДС во Советот на О. Гевгелија е од чуден формат. Речиси за се друго се контра ДПМНЕ, ама коа иде ред за задолжување машки одработуваат. Не знам како им беше името пред избори ама сеа слободно може да се викаат КАОлиција за задолжување.

Као е од демек, демек коалиција, а зошто за задолжување ќе видите подолу. Еве за што станува збор:

На шеснаесеттата седница на Совет на Општина Гевгелија, главна тема, по втор и финален пат, беше задолжувањето на Општината. Првата фаза од носењето одлука заврши драматично со даден глас (поддршка) за задолжување од страна на коалициониот партнер на СДС од Народна, Кралев. Сега при носењето на финалната одлука, слична песна и нова драмолетка.

Одлуката согласно правната регулатива се носи со мнозинство од присутни советници. ДПМНЕ има 9 од вкупно 19 и ако се сите 19 присутни немаат мнозинство.

Арно ама види чудо, не беа сите присутни. А еве што се случи: Одам на седница, влегувам во сала и гледам некако празно. Бројам и гледам дека има 17 советници. Двајца фалат. Гледам кој фали и погодувате кој. Едниот е советникот од Народна, Кралев, од СДС и КАОлиција, оној што гласаше за првичната одлука за задолжување.

Добро си викам, очекувано. Кој е вториот? Гледам вториот е советник од СДС. Веднаш стана јасно дека станува збор за задолжување овозможено од СДС и КАОлиција со овозможување на мнозинство од присутни на ДПМНЕ. А и не е далеку од умот ова оти сепак станува збор за задолжување кај банкар од СДС.

И така Општината се задолжи, а СДС и КАОлиција за задолжување не престанаа да продаваат приказни како задолжувањето е лоша работа. Ем те задолжуваат, ем ти викаат лошо е. Те мочат од кров и ти викаат врне дожд. А може некои и искрено го мислат тоа. Дури може и беа искрени за спреченост на советникот од СДС да дојде на седница. Добро е ако е така. Добро е за Општината, ама пак уште полошо за нив. Оти тоа освен СДС и КАОлиција за задолжување ги прави и СДС и КАОлиција расштиман оркестар за задолжување.

А за задолжувањето кој сака нек честита!