Проблемите и барањата на студентите се развлекуваат многу години наназад

Во своето гостување за ТВ 24 вести, студентката Милица Давчева која во едно и е дел од Студентскиот Отпор во име на студентите зборуваше за нивните проблеми и барања со кои се соочуваат години наназад.

Бараме израмнување на стипендиите, бараме навремена исплата на студентскиот оброк, бараме покачување на студентскиот оборок согласно енормната инфлација и големата економска криза каде што цените на продуктите вртоглаво растеа. Сепак еден студент не може да си дозволи еден убав и квлаитетен оброк во текот на денот со 120 денари‚‚

‚‚Говориме дека ние сме на предавање од сабајле до навечер, имаме потреба и да пиеме кафе и сок, и да јадеме нешто меѓу паузите‘‘– рече таа.

Многу студенти потекнуваат од многу сиромашни семејства и се од внатрешноста на Македонија, и додека студентите на политичарите студираат во странство, завршуваат правни факултети без дипломи и немаат допирна точка со реалните проблеми и условите во кои што се наоѓаат студентите во Македонија. Сметам дека е многу иронично да говориме за вакви нечовечки услови за вакви проблеми додека пратениците кои што треба да бидат многу приближни на нас обичниот народ, да се слични на нас, дека сепак тие се народни избраници, народни претставници, тие седат на кожни столчиња без никаква грижа за нас студентите, со 300 000 денари патни трошоци, со хациенди, со викендици, со два три стана, додека македонскиот студент треба да размислува дали со 120 денари може да си обезбеди оброк во текот на денот‘‘ – додаде на крајот од своето излагање.