Шангфу: Се зголемува воено-техничка соработка и трговија помеѓу НР Кина и Русија

Министерот за за одбрана на НР Кина Ли Шангфу по разговорите со Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин и генералот Сергеј Шојгу изјави дека Русија и НР Кина ќе развијат воено-техничка соработка и воена трговија меѓу двете земји. Тој вети дека оваа соработка ќе ги однесе двете земји на уште повисоко ниво на соработка.

Ли Шангфу исто така рече дека НР Кина има намера цврсто да ја зајакне својата стратешка соработка со Русија. Шојгу изјави дека Русија и НР Кина ќе ги зајакнат своите безбедносни односи.

Генерално, аналитичарите сметаат дека сето ова е продолжение на политиката што беше истакната при посетата на Си Џинпинг на Москва и дополнително беше јасно манифестирано при студениот прием на Западните претставници (Макрон и Фон дер Лајен) при посетата во Пекинг, кои се обидоа да извршат притисок врз НР Кина, поради нејзините ставови по однос на конфликтот во Украина и зголемената интеракција со Русија.

НР Кина очекува активно отворање на конфликт околу Тајван, најголем дел од кинеските аналитичари се убедени во намерата на САД за отворање на овој конфликт.

Заради овие причини двете страни, Русија и НР Кина по однос на воено-техничките прашања имаат вкрстени и заеднички интереси, сметаат аналитичарите. Главната цел е заокружување на мултиполарниот свет, каде хегемонистичката моќ на САД трајно ќе биде изгубена.