Несфатливо е со каков презир гледа бугарската политика и историја на сопствениот народ

Статус на проф. Љубомир Цуцуловски.


Несфатливо е колку бугарските политичари и историчари не водат сметка за импликациите/последиците од тоа што го тврдат. Според повеќето од нив, дел од „Бугарите“ биле посрбени (после Првата светска војна и загубените Балкански војни) во Кралството СХС, особено во делот Вардарска бановина – денешна Република Македонија. Притоа, презимињата на посрбените „Бугари“ морале да завршуваат на „… иќ.“

Меѓутоа, дошла Втората светска војна. Со неа дошла уште една окупација/реокупација на т.н. Вардарска бановина. Сега од страна на Царството Бугарија. Благодарение на фашистичката администрација, посрбените „Бугари“ биле „вратени“ кон својата „матична“ нација. Од „Срби“ повторно станале „Бугари.“ Меѓутоа, маките не завршиле. После 1944 година – значи, после победата над фашизмот – се случила уште една денационализација/одродување на „Бугарите.“ Од „Бугари“, преку ноќ, станале Македонци.

Несфатливо, навистина несфатливо е со каков презир гледа бугарската политика и историја на сопствениот народ. Според нив Бугарите се лесно поткуплив и променлив народ од кого, по нечии желби, можат (преку ноќ!) да се создаваат јужно-србијанци, кои лесно преминуваат во „Бугари“, а овие во Македонци. Ретко која власт толку многу го потценувала и навредувала бугарскиот народ, како што тоа го прават нивните политичари/историчари, бидејќи каков народ е тоа кој само за дваесетина години неколкупати го „менува“ идентитетот? Бедно и срамно, бидејќи ниту еден народ не заслужил такви навреди. Ова треба да го имаат предвид и „нашите“, „македонските“ политичари, посредници, емисари…



НЕСФАТЛИВО. Несфатливо е колку бугарските политичари и историчари не водат сметка за импликациите/последиците од тоа што…

Posted by Љубомир Цуцуловски/Ljubomir Cuculovski on Wednesday, 13 January 2021