Левица: Мора да има политичка одговорност за загадениот воздух
„Македонија дише отров!
Неколку дена последователно загаденоста руши рекорди, повеќекратно над дозволеното. Наместо секојдневните изговори за загадувањето од домаќинствата и автомобилите, Владата да даде одговор каков отпад се увезува во Македонија и како работат дивите депонии и големите индустриски објекти!
При оваа алармантна состојба, не се доволни препораките за намалување на работата на индустриските објекти, туку потребни се мерки за стопирање на индустриските погони, засилени инспекциски надзори на територија на цела држава и изрекување казни и забрани за работа на главните загадувачи.
Доколку Владата не е способна и нема политичка волја да го реши итно и неодложно овој сериозен проблем кој секојдневно одзема човечки животи, редно е да понесе политичка одговорност и да поднесе оставка.” – стои во реакцијата на Левица – Зелен сектор.