Eвропарламентот одби да го осуди иредентизмот и територијалните претензии искажани од Џамбаски

Европскиот парламент смета дека однесувањето на европратеникот Ангел Џамбаски во центарот на Скопје по повод панихидата на Мара Бунева е негова лична работа и дека на никој начин не е поврзано со институцијата која ја претставува.

„Ова негово однесување спаѓа единствено под одговорност на пратеникот и во секој случај не ја претставува позицијата на Парламентот“ – велат од ЕП за порталот Република.

Џамбаски на панихидата на Мара Бунева искажа бројни иредентистички ставови, искажа територијална претензија кон суверена држава и како од деновите на бугарскиот фашизам ги негираше постоењето на македонскиот народ, јазик и држава.

Со изјавите „Македонците се Бугари“ , Македонија е бугарска“ и „еден народ во две држави“, Џамбаски потври дека фашизмот е жив во Бугарија, како и земјите членки на Европската унија.