Апасиев: Продолжуваме со блокадата на власта да воведе работен ден од 12 часа

Откако по поднесените амандмани од Левица беше блокиран предлог-законот на власта со кој се зголемува работната недела на 60 работни часа, односно по 12 работни часа на ден, денес повторно е закажана комисијата со почеток од 13 часот, соопшти пратеникот Апасиев.

Денес, во 13:00 часот, продолжува МАГАРЕШКИОТ ИНАЕТ на власта да ги протне измените на Законот за работни односи на Комисијата за труд, со кои работниците ќе работат по 12 часа на ден!

Во продолжение пратеникот додаде дека тој и пратеникот Крмов остануваат во собрание и продолжуваат со блокадата и филибастерингот на овој закон, со цел да се заштитат работничките права.

Пратениците на Левица остануваат на браникот на работничките права, со поднесени 1.111 амандмани. Епа, дојде денот за мегдан!