Злоупотреба на парите од дијаспората собрани со намена за хуманитарна акција во Македонија?

Дали биле злоупотребени парите кои дијаспората во Англија ги собрала со намена за хуманитарна акција преку доделување на новогодишни пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства во Македонија?

На социјалните мрежи се огласи лице, кое, како дел од дијаспората и воедно како донатор и иницијатор за собирање на средствата, што потоа требале да се пренасочат за хуманитарна помош во Македонија. Лицето објави преписка со извесна Розетка Ремак, од која впрочем бара отчет во однос на тоа што се случило со собраните средства. 

Од преписката може да се забележи дека лицето донатор предлага како дистрибутер на донацијата да се контактираат, како што е наведено во постот, организација под име „Стопли Срце“ или пак одреден Отец Оливер. Но, на тоа добива одбивен одговор, со изговор дека тоа би било „одење религиозно и политички“. Што потоа, лицето Ремарк, како дел од иницијативата донатори, без да ги информира другите учесници во таквата иницијатива како донатори, средствата ги пренасочило до невладината „Легис“, организација која важи за блиска до власта, и чија истакната членка Мерсиха Смаиловиќ во јавноста е позната по своите про-исламистички ставови и апологии на политиките на власта од коалицијата СДСМ-ДУИ.

Лицето, кое како изигран донатор, на социјалните мрежи ги обелодени ваквите информации, од Ремарк побарало, нејзиното име да биде отстрането од листата на „донатори (fundraiser)“ затоа што истото, после ваквиот немил настан, се соочило со реакции и обвинувања од страна на останатите донатори, кои, како што се наведива во преписката со Ремарк, се чувствувале изиграно.

Целиот пост може да го видете на сликата подолу: