Денес се одбележува Меѓународниот ден на музеите

Меѓународниот ден на музеите (IMD) е меѓународен ден кој се одржува секоја година на 18 мај, координиран од Меѓународниот совет на музеи (ICOM).

Целта на Меѓународниот ден на музеите (IMD) е да се подигне свеста за фактот дека, „Музеите се важно средство за културна размена, важноста на музеите и културното наследство во развојот на едно општество, збогатување на културите, и развој на меѓусебно разбирање, соработка и мир меѓу народите“. Настанот нагласува специфична тема која се менува секоја година како одраз на релевантна тема или проблем со кој се соочуваат музеите на меѓународно ниво.

По тој повод,  Музеите во Македонија денеска со изложби и активности ќе го одбележат Светскиот ден на музеите 18 Мај:

Во Музеј на Македонија ќе има изложба насловена „70 години Историски Музеј на Македонија“ одбележување на годишниот јубилеј од отпочнувањето на дејноста на Историскиот музеј на Македонија. Изложбата ке биде отворена во 13:30 часот.

Музеј на современата уметност – Скопје  ќе може да се погледне  „14. Биенале на млади уметници“, кое ќе биде отворено  до 26-ти мај.

ЛУ Градски Музеј Крива Паланка – организита свеченост по повод Денот на музеите и промоција на музејскиот клуб со почеток во 12 часот.

НУ Музеј Гевгелија- Советување на тема: Музеј, одржливост и благосостојба. Посетителите ке имаат можност за разгледување на постојаната археолошка поставка со кустос и видео презентација.

Влезот на овие настани ќе биде бесплатен за сите посетители.