(Видео) Крмов: Власта против предлогот за зголемување на додатоците за лицата со попреченост

Date:

  • Говор на пратеникот Борислав Крмов за предлогот на Левица за зголемување на додатоците за лицата со попреченост:

“На 7 јуни имаше голем протест пред Владата, на здруженијата кои се бават со борба за лицата со попреченост. Главните барања им беа да се покачат сите додатоци коишто тие ги добиваат, за околу 78%, значи пандан на покачувањето на платите на функционерите.

Затоа, ние ги предлагаме: Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата и Предлог-законот за изменување на Законот за социјална заштита.
Исто така, тие бараа посебната помош која што ја добиваат, меѓу која, помош и нега во домот и личната асистенција, тоа се од прилика 80 часа неделно – да им се зголемат на барем 160 часа неделно.

Во Предлог-законот за заштита на децата се менува посебниот додаток. Имаме 3 члена.

Со членот 1 го менуваме посебниот додаток којшто сега е од прилика 6.170 денари – на 10.983 денари.

Со членот 2, се менува додатокот којшто го добиваат самохрани родители кои имаат дете со попреченост до 26 години, од 9.254 денари на 16.474 денари.

И, со членот 3, се менува додатокот којшто го добиваат родители коишто се материјално необезбедени и кои добиваат минимална помош, исто со дете до 26 години со попреченост, од 7.711 денари додатокот сега станува 13.729 денари.

Понатаму, го предлагаме Предлог-законот за измените на Законот за социјална заштита, тука ги изменуваме месечните надоместоци и помошта во домот која што тие ја добиваат.
Се надевам пратениците се свесни, родителите коишто имаат дете или член на семејството со попреченост, малтене цел живот се болничари, доктори, имаат огромно искуство но, се оневозможени да се посветат на работа. Тие фамилии трпат многу затоа што членовите на семејството се приморани да бидат 24 часа болничари и да им ја пружат потребната нега на членовите коишто ги имаат во семејството со попреченост.

Со првата измена која ја предлагаме, месечниот додаток од 7.204 денари станува 12.823 денари. Со втората измена, другиот месечен додаток, од 4.117 денари станува 7.328 денари.

И, како што е дефинирано во Законот, ‘услугата’ или помошта за нега во домот, од 80 часа месечно (што е премалку) – сега да се зголеми на 160 часа.

Услугата или помошта за лична асистенција, многу од тие деца или членови на семејството коишто имаат попреченост не можат да функционираат без лични асистенти, таа да се зголеми од 80 часа месечно на 160 часа месечно.

Со овие измени нема да се реши оној горлив проблем кој го имаат фамилиите со членови со попреченост но, се надеваме дека Собранието ќе има слух и дека ќе придонесеме барем малку да им се олесни целата ситуацијата и да добијат барем малку помош која им следува.”

Share post:

Subscribe

spot_imgspot_img

Popular

More like this
Related

Трамп сака ЕУ да испрати војници во Украина

Се шпекулира дека предлогот за прекин на огнот би...

Тестиран кинески хиперсоничен авион што лета со брзина 6,5 пати поголема од брзината на звукот

Главниот истражувач на проектот изјавил дека станува збор за...

Нигер го забрани Би-Би-Си поради „ширење дезинформации“

Регулаторот за медиуми на африканската држава нареди суспензија на...

Левица: Во кујната во „Кромберг и Шуберт“ продолжува кршењето на работничките права

Пред одреден период, Левица објави за непочитување и кршење...